Рецепти
Само 2 состојки и 5 минути – Рецепт за хит сладолед со неверојатен вкус
Бананите и нутелата одлично се комбинираат во овој сладолед, омилен на многумина поради својата едноставност и неверојатен вкус.
Понекогаш помалку е повеќе, исто како во случајот со овa вкусно освежување направено од само две состојки.
За да го направите овој кремаст и вкусен сладолед, потребни ви се само замрзнати зрели банани и Нутела. Исто така, ќе ви биде потребен и блендер кој замрзнатите банани ќе ги претвори во кремаста смеса со генијален вкус.
Кога ќе биде готов, послужете го ова летно уживање веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач и послужете го подоцна во топки.
Состојки:
- Четири банани
- Четири лажици Нутела
Подготовка:
- Излупете ги бананите, исечкајте ги и замрзнете ги. Откако ќе се замрзнат, ставете ги во блендер.
- Добиеното замрзнато пире ставете го во сад и додадете ја Нутелата. Добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.
- Послужете веднаш, доколку ко сакате потврд сладолед, ставете ја смесата во замрзнувач и почекајте неколку часа.
Уживајте во ова брзо и вкусно освежување!
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија