Поврзи се со нас

Гостивар

Само 5 ковид пациенти на инфективно во Гостивар, стивнува бранот

Објавено

на

Се смирува ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје. Изминатите денови дневната бројка на новозаразени е ниска, а значајно се намалени и хоспитализациите. На инфективното одделение во болницата во Гостивар, се лекуваат 5 пациенти.

„Само еден од петте пациенти е на кислородна поддршка, примен е утрово со ниска сатурација 70, а со кислородот потоа на визита, сатурацијата беше 92. Инаку, пациентот е со поголема телесна тежина. Другите пациенти се релативно добри, едниот има хемипареза и тој престојува на инфективно 6-7 дена, веќе е негативен на контролен тест и планираме да биде префрлен на неврологија. Амбулантски е доста намален бројот на пациенти и тие што добиваат позитивен резултат повеќето се со лесна клиничка слика.“, информира раководителот на инфективното одделение д-р Ратко Наумоски.

Оценката е дека бранот полека стивнува, но треба уште малку време за да се потврди со сигурност.

„Ние се надеваме дека бранот поминува, но сепак треба да се види барем уште петнаесетина дена, како ќе се одвиваат работите. Сега за сега е намален и бројот на нови случаи, и прегледи и хоспитализирани“, вели д-р Наумоски.

Бројката на активно болни со ковид на подрачјето на Општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше моментално изнесува 53.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена