Вести
Само “КК Гостивар 2015” ќе се бори со прволигашите за Купот на РМ
Лидерот во Втората лига, екипата на КК Гостивар 2015, е единствената која се пријави за настап во натпреварите од Купот на Македонија за сезоната 2016/2017. Во игра за Купот се 11 екипи: МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Работнички, Фени Индустри, Куманово, Кожув, АВ Охрид, Струмица, Пелистер, Вардар и КК Гостивар 2015.
Согласно со пропозициите, ќе се играат предквалификации. Во Куп предквалификациите, екипите се одредени според пласманот во досегашниот дел од првенствата во првата лига и останатите лиги во случајов само КК Гостивар 2015, ќе се играат следниве натпревари:
(11.01.2016)
– КК Гостивар 2015 – КК Струмица (двојка А)
– Вардар – Пелистер (двојка Б)
(14.01.2016)
– Победник (двојка А) – Победник (двојка Б)
Најдобриот од оваа серија натпревари ќе биде осмата екипа заедно со останатите седум директно пласирани екипи кои ќе се борат за Купот на Р.Македонија.
Финалниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција ќе се одржи во периодот од 17 до 19. февруари, 2017 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар