Поврзи се со нас

Култура

Самостојна изложба на Даница Дана Крстеска – Архетипови и сенки

Објавено

на

Утре (21 септември) во 18 часот во галерискиот простор на Н.У. Уметничка Галерија Тетово ќе биде отворена самостојната изложба на слики на гостиварката Даница Дана Крстеска, насловена како ,,Архетипови и сенки“ на која публиката ке има можност да види дваесет дела во техника масло на платно, реализам. Во оваа серија слики Дана останува доследна на својот уметнички израз, на сликите преовладуваат мотиви со коњи, жени, птици и др.

За овој циклус  од нејзиното творештво историчарот на уметност Роберт Цветкоски ќе рече – …Повеќе од јасно е  дека до овој резултат се стигнало преку перманентна работа и ликовни истражувања во рамките на темите коишто самата авторка си ги задала како енкриптирани психолошки состојби што треба визуелно да ги разреши на сликарското платно. Авторката Дана Крстеска можеме да вброиме во онаа група автори коишто поседуваат префинет сликарски сензибилитет, специфична ликовна поетика и јасен ликовен израз. Делата поседуваат позитивна носечка енергија благодарение на композициските поставки на авторката, но посебна динамика даваат нејзините цртачки квалитети и соодветен третман на колористичката обработка на елементите па делата делуваат прилично реално, со оглед на хиперреалистичниот пристап во некои од нив…

М-р Марија Светиева –  слободен уметник за оваа изложба вели – …Ако е вистина тезата дека преку сликарството се одразува битието на уметникот, оваа изложба на најубав начин тоа го прикажува со композициската структура, спектарот бои и потезите на четката. Сликарството на Дана е совршен пример на синтеза помеѓу болка, хармонија и радост…

Овој циклус на слики е израз и спој на внатрешното – наталожените искуства, емоции, преживеаното, интуицијата, како и светот на несвесното, од тука и насловот на изложбата ,,Архетипови и сенки,, појаснува авторката.

Даница Дана Крстеска досега имала три самостојни изложби: во Гостивар (2016 и 2018), и во Скопје (2018), како и учество на многубројни групни изложби и културни манифестации.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 27 минути

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена