Поврзи се со нас

Гостивар

Сашо Ристоски: Мечувањето е благодет за умот и телото, Гостивар треба да го негува и поддржува!

Во Гостивар неодамна се формираше првиот мечувачки клуб „Витез“ под водство на Сашо Ристоски, кој е лиценциран тренер по мечување. Во негови рамки наскоро ќе започне да функционира школа по мечување, во која гостиварци ќе имаат ретка можност да се запознаат со тајните на овој интересен и несекојдневен спорт. „Мечувањето влегува и останува во крвта, едноставно те заразува“, вели меѓудругото Ристоски во разговорот што го направивме околу неговите лични почетоци во магичниот свет на мечувањето, натпреварувањата, тренерскиот ангажман кој го однел дури до далечната Кина, придобивките од практикување на овој спорт, мотивацијата да се отвори школа за мечување во Гостивар… Инаку, Ристоски работи како професор во средното техничко училиште во Гостивар,  препознатлив и како некогашен Тв водител на квизови, а автор е и на збирка поезија и кратки раскази.  

Објавено

на

Gostivarpress.mk: Како и каде прв пат се сретнаа Сашо и мечот?

Ристоски: Уште како дете со другарите заедно правевме мечеви од дрва за да се мечуваме, па веројатно постоело како желба, интерес од тогаш. Но, мечување како спорт го немало никогаш во Гостивар, за да добијам шанса повеќе да се запознаам и да се занимавам со тоа. Додека бев на студии во Скопје, на скоро 24 години, еден декември некој од пријателите ми кажа дека запознал некои момче и девојка кои тренирале мечување. Ми кажа дека тренинзите се во салата „Кале“ и јас отидов. Таму тренинзи одржуваше клубот „Вардар“, тренерот рече да, може да тренираш, но според годините не се надевај на некои посебни резултати, а како ентузијастички доаѓај. Сепак, мене ми легна многу тој спорт. Кога не почнуваш од дете да тренираш, големи се пропустите и тешко се надокнадуваат, но јас влегов со цела душа, едноставно се заразив. Првите припреми за натпреварувања се случија по неколку месеци, со тренери од Украина. Потоа, го паметам мојот прв натпревар и тоа во Нови Сад, немав некое искуство, се уште нов во мечувањето, а конкуренцијата беше многу силна. Следуваше натпревар во Скопје, па ред други. Мечувањето е натпреварувачки спорт и токму на тие турнири се добива целокупното доживување. Пак ќе речам заразно е, чувството на држење оружје во раката и моментот кога ќе постигнеш погодок, ќе погодиш, а тоа се регистрира на апарат со звук и со боја… Сум бил на турнири во Турција, на Европски првенства во Полска и Србија, на Светско во Кина, на Светски куп во Италија итн. Навистина е гордост кога ја претставуваш Македонија на такви натпреварувања.

Gostivarpress.mk: Каков тек понатаму доби твојата приказна со мечувањето, која те однесе дури до далечната Кина?

Ристоски: Во 2000-тите години имав пауза, одев само еднаш годишно на турнир, поради сите други обврски во животот и малку го запоставив мечувањето. Потоа, пак се вклучив во 2009-та и тоа во клубот „Војводина“ во Нови Сад. Таму имаше поголема конкуренција, а јас напреднав, иако имав 41 година. Кога се вратив во Македонија во 2014-та година , немав некоја стандардна работа, и имав време да се посветам на мечувањето. Тренирав заедно со ќерка ми Настасја Ристоска, поминував доста време во сала. Тука сакам да напоменам дека мечувањето е Олимписки спорт и тоа од првите модерни Олимписки игри до сега. Всушност, основачот на модерните олимписки игри бил мечувалец. И токму заради тоа светската Федерација дава доста стимулации за тој спорт, особено за такви федерации кои се не многу развиени, како што е нашата и се организираат обуки, академии за тренери. Во 2016-та се пријавив и ме одбраа за тримесечна обука за тренери во Будимпешта. Со завршување на таа тренерска Академија јас практично станав лиценциран тренер за меч. Дојде момент кога почнав да размислувам за професионално да се занимавам со мечување, да најдам работа во странство врзана со мечување, да се усовршувам, видов дека има таква можност во Кина. Платите не беа нешто посебно големи, но да речеме нормални. Во 2019-та отидов и работев таму една година. Секојдневно тренирав деца, и одржував по неколку тренинзи на ден. Тоа беше големо искуство за мене, работа со деца од најмала возраст, имаше дури детенце на 4 години. После една година поради сета таа состојба со ковид пандемијата што настана, беа потребни други визи, што беше причина да не можам да продолжам да работам во Кина и останав во Гостивар.

Gostivarpress.mk: Што те мотивираше да формираш здружение и да отвориш школа за мечување во Гостивар?            

Ристоски: Почнав да работам како професор во техничкото училиште, но сакав да продолжам со мечувањето, ми недостигаше тој дел од мојот живот, таа сатисфакција. Размислував во насока да бидам во тек со тоа што го сакам, и за Гостивар да има нешто посебно, нешто корисно и интересно. Така, летово го формирав клубот, што немаше да се случи без поддршка, а таа дојде од Федерацијата и од градоначалникот Арбен Таравари. Федерацијата ќе помогне со опрема, додека општината обезбеди простор, сала за тренинзи во училиштето „Единство“. Сега трае пријавувањето, сите што се заинтересирани да бидат дел од школата, значи од 7 до 77 години може да ме исконтактираат на 078-801-103. Овој спорт е подеднакво добар и наменет за двата пола, и за сите возрасти, постојат натпревари во сите категории. Секако најдобро е да се почне како дете, некаде од после 7 години се препорачува, обично се вели меѓу 8 и 13 години е најдобро, значи кога децата разбираат што им се објаснува, имаат дисциплина.

Gostivarpress.mk: Ќе биде корисно и интересно за нашите читатели да напоменеме кои се придобивките од тренирање мечување.

Ристоски: Мечувањето е балгодет и за телото и за умот. После шахот, мечувањето е втор спорт кадешто се употребуваат мисловните капацитети, што е особено важно за децата. Значи влијае позитивно врз развојот на интелигенцијата. Зошто? Затоа што во мал дел од секунда има толку многу комбинации можни, и треба да го одлучиш својот потег. Толку се комплексни движењата, ставот е специфичен. На почеток се совладува таа координација на телото, да се држи баланс, телото исправено, што е корисно со оглед дека децата седат многу искривени на телефон и пред компјутер. Одлична вежба е за нив. Мора трпение да се има, да се стигне до одредено ниво, но сепак можностите се големи. Тие што ќе се истакнат, ќе добијат шанса да одат на натпреварувања. Најмалку три години се потребни за да се стане добар мечувалец за натпреварувачко ниво. Преку нашиот клуб „Витез“ може да стигнат до турнири, до успеси и до нови искуства. Сакам да нагласам дека при тренинзите особено се внимава на безбедноста, прво на децата им се објаснува како да се однесуваат внатре во салата, дека не треба да се игра и да се мафта со мечевите беспотребно, кога се движат низ сала како треба да го држат мечот и сл. Часовите ќе се одржуваат три пати неделно во времетраење од час и половина. Би рекол дека потребна е поддршката од цел град Гостивар, да го негуваме мечувањето како вредност, да го направиме Гостивар препознатлив по мечување. Толку е ретко, а еве сега го носиме во Гостивар.

Погледнете ја галеријата од првиот тренинг на мечувачкиот клуб „Витез“ од Гостивар:

За мечувањето…

Мечување е боречка вештина во која два противника се борат со ладно оружје, кое го држат во рака и се обидуваат да го погодат „боцнат“ противникот. На почетокот мечувањето било борбен систем, а од 18/19век станува спорт, кој најбрзо се развивал во Франција, Италија, Австроунгарија и Германија. Почетоците на официјалните меѓународни турнири во Европа се кон крајот на 19 век.

Во мечувањето постојат три основни дисцилини, кои се разликуваат по видот на оружјето и по правилата: борба со флорет, борба со меч и борба со сабја.

Флорет е оружје со кое бод се добива исклучиво со убод и тоа само со врвот. Важечка површина за бод во мечувањето со флорет е исклучиво торзото на противникот, значи горниот дел од телото без рацете, вратот и главата. Флоретот е полесен од мечот, има помал заштитен гард и појако изразена еластичност. Борбата ја води судија кој проценува кој мечувалец имал предност во напади или кој правилно го извел нападот и во случај на обостран важечки погодок, тој одлучува кому ќе даде бод.

Меч е најмасовно од трите оружја, а кај борбите со меч важечка површина за бод е целото тело на противникот и бод се добива со убод. Кај борбите со меч не постои истото правило како кај борбите со флорет и сабја односно во случај на обостран погодок, двајцата натпреварувачи добиваат бод.

Сабја е оружје со кое во борбите бод се добива со убод и сечење. Кај борбите со сабја важечка површина за бод е горниот дел од телото на противникот и важат истите правила за предност во напади како кај борбите со флорет.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена