Музика
Scream for Me Sarajevo – Брус Дикинсон стана почесен граѓанин на Сараево!
Фронтменот на светски познатиот британски хеви метал бенд „Iron Maiden“, Брус Дикинсон и официјално стана почесен граѓанин на Сараево. Големата чест му е укажана поради храбриот потег во 1994 година, кога Дикинсон среде војната, одржа концерт во главниот град на БиХ.
Одлуката да биде прогласен за почесен граѓанин сараевскиот совет ја донесе во октомври лани, а признанието на големиот музичар му беше доделено лично вчера, на датумот кој се слави како празник на градот.
„Неверојатно ми е драго што сум овде после 25 години. Оваа симболична награда сакам да ја споделам со граѓаните на Сараево кои ја преживеаја опсадата и останаа овде за време на војната. Ова е навистина голема чест за мене“, изјави Дикинсон.
Музичката легенда концертот го одржа во декември 1994 година во Босанскиот културен центар во Сараево.
Настанот е овековечен во документарен филм на Тарик Хоџич, под наслов “Scream for Me Sarajevo”.
фото: AP
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија