Локални избори 2017
СДСМ Гостивар: Повеќе пари за општините и за секој граѓанин
„Почитувани сограѓани, ние преку централната власт ќе обезбедиме силна поддршка и повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво. Посветената и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните“, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа за Гостивар од Коалицијата предводена од СДСМ, Зоран Ангелов. Во своето обраќање тој се задржа на економските мерки, проекти и политики.
„Во првите 100 дена, Владата донесе мерки кои директно влијаат и ќе влијаат на зајакнување на економската и потрошувачка моќ на граѓаните. Со измените на буџетот за 2017 година се обезбедија средства за субвенционирање на минималната плата која ќе изнесува 12.000 денари. Со оваа мерка се опфатени и неколку илјади граѓани на општина Гостивар. Исти такви мерки се и враќањето на евтината тарифа на струјата, мерка која веќе е донесена, но и гасификацијата на локално ниво, мерка која е предвидена во нашата програма. Преку овие две мерки ќе се намалат трошоците во домаќинствата, а со тоа ќе останат повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните. Ќе работиме на здружување на бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Ќе ја вклучиме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите во општина Гостивар и ќе воведеме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој. Владата со 9 милиони евра ги поддржува активните политики и мерки за поддршка за нови вработувања и за реализација на проектот “Гаранција за младите“. Со тоа ние вложуваме во младите, отвораме центри за отпочнување и развој на бизниси. За младите да останат тука, за својата иднина и својот просперитет да го гледаат тука, во општина Гостивар, а Гостивар има потенцијал за таков развој“, нагласи Ангелов додавајќи дека Гостивар има бизнис потенцијал што ќе го поддржуваат и развиваат.
„Преку буџетот обезбедени се и 135 милиони денари за директна поддршка на мали и средни претпријатија и домашни гринфилд инвестиции. Земјоделците од општина Гостивар се опфатени со мерката на Владата која предвидува пакет од 10 милиони евра поддршка во земјоделието, за овоштарите, сточарите и полјоделците. Во овој пакет активна е и мерката за финансиска поддршка од 10 илјади евра неповратни средства за млад земјоделец“, рече носителот на листата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија