Поврзи се со нас

Гостивар

СДСМ Гостивар: Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство!

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ во Гостивар во пресрет на 10-ти декември, Денот на човековите права и како заокружување на последниот ден од кампањата „16 дена женски активизам“ , повика на подигнување на свеста за ненасилство и вклучување на сите во борбата против истото.

„Целта на оваа кампања е подигање на свеста дека за насилството не треба и не смее да се молчи. Крикот се слуша и кога некој молчи. Секој од нас, од институциите, или поединечно, има обврска пред тој Крик, тивок или гласен – да не го одмине, да реагира! Со чувство на одговорност да развиваме култура која не прифаќа насилство. СДСМ се залага за промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените во општеството низ: донесеното законодавство, со коешто се забранува дискриминација врз жените, усвоените и спроведени програми и мерки што промовираат имплементација на суштинска родова еднаквост во сите области, активностите за подигање на свеста и елиминирање наб ариерите за родова еднаквост. Наша цел е да се стави крај на секоја форма на дискриминација врз сите жени и девојчиња, да се елиминир секоја форма на насилство врз ситежени и девојчиња, да се обезбеди целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на секое ниво, да се спроведат реформи, коишто им даваат на жените еднакви права на економски ресурси, донесувањето и зајакнувањето цврсти политики и применливо законодавство за унапредување на родовата еднаквост, обезбедувањето универзален пристап до сексуално и репродуктивно здравје и репродуктивни права.“, изјави Драгољуб Филипоски, претседател на ОО на СДСМ во Гостивар.

Зборувајќи за родовата еднаквост и борбата против семејното насилство, претседателката на Форумот на жени, Соња Дамјановска нагласи: „Најважно е жените коишто се жртви на семејно насилство да се охрабрат и да проговорат. Да знаат дека ни сме тука, како луѓе и како институции, како држава да ги поддржиме. Многу е важно секоја жена да се избори за себе, а ние да и помогнеме“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена