Поврзи се со нас

Гостивар

СДСМ Гостивар: “Зборот важи” најавуваме работно лето

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ – Гостивар, преку соопштение се обрати до јавноста, најавувајќи ги активностите и плановите за летото. Под мотото: “ Зборот важи” ОО на СДСМ-Гостивар како и сите останати во земјава најавува интензивирање на активностите на терен, меѓу членството, симпатизерите и општо меѓу граѓаните.

„Преку прес конференции, изјави за медиумите и соопштенија ќе ја запознаваме јавноста со нашите активности во сите сфери од секојдневното живеење.Свесни сме дека само така и на тој начин, а преку директна комуникација може да се дојде до вистинските прашања, состојби на терен, одговори и решенија на проблемите кои го мачат обичниот човек“, стои во воведот на соопштението.

Остатокот од соопштението на ОО СДСМ Гостивар, ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

За нас од СДСМ зборот навистина ВАЖИ!

ОО на СДСМ Гостивар го заврши изборниот циклус во сопствените редови. Новото раководство, нашите нови тимови заедно со раководителите поставени во општината од повеќе области во периодов што престои ќе бидат заедно со вас.

Да потсетиме: Се обврзавме пред граѓаните за примени и нов начин и модел на делување, но и на забрзување на напредокот на општеството. Резултатите се гледаат, но има и напластени проблеми кои само со многу труд и ангажман на пошироката заедница полесно би се надминале.

Ќе започнеме и со теренски активности и средби со граѓаните во маалата, во селата, во урбаните заедници. За нас, зборот важи.

Тимови на СДСМ, придружувани од партиски носители на функции, советници, пратеници, директори ќе се сретнат со граѓаните. Свесни сме дека постојат нерешени прашања кои бараат одговор.

На маалските и урбани средби со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Да се види што е добро сработено во изминатите 2 години и што треба да се поправи.

Ги покануваме граѓаните да се приклучат, да бидат гласни, тука сме да го слушнеме нивниот глас и да делуваме и да ги решаваме нивните проблеми. За се она што е значајно за граѓаните, целата структура на СДСМ се става во функција на нивно успешно решавање.

Заедно со граѓаните ги доведовме промените, зедно победивме, заедно со граѓаните продолжуваме да го забрзаме напредокот, за подобар живот на сите наши граѓани низ целата земја“. 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена