Вести
СДСМ и БЕСА ја официјализираа предизборната коалиција

Претседателите на СДСМ, Зоран Заев и движењето БЕСА, Билал Касами на јавен настан ставија потпис на декларација со која ја официјализираа предизборната коалцијата
„Оваа декларација за заеднички настап се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина како и почитување на граѓанските вредности што ги имаат сите етнички заедници.“, беше речено во воведниот дел на настанот.
Заев изјави дека со коалициониот партнер имаат заедничка визија.
„Со оваа декларација мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија го пресликуваме во конкретна програма. Нашата визија е економски силна, праведна, стабилна држава, земја членка на НАТО и ЕУ.“, рече лидерот на СДСМ.
Касами во своето обраќање подвлече дека направиле историски договор и дека заеднички ќе се залагаат за европска иднина на земјава, борба против корупцијата и елиминирање на дискриминацијата.
Ова е прва предизборна коалиција меѓу партии од македонски и албански блок.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар