Поврзи се со нас

Македонија

СДСМ предлага покачување на минималната плата на 450 евра

Објавено

на

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари, информираше денеска во законодавниот дом пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.

Посочи дека со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата.

– Во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција предлагаме измени и дополнување на Законот за минимална плата. Со измените предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3 проценти. Со ова не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку ќе влијаеме на порастот на просечната палта, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните, посочи Филипче.

Лидерот на опозициската СДСМ ги повика сите пратеници да отстапат од партиските интереси и да дадат поддршка на иницијативата за покачување на минималната плата.

„Ја повикувам Владата и сите пратеници дека ова не е време за застапување на партиски интереси, туку за заштита на интересите на граѓаните. Мандатот на пратениците им го дале тие и тие одговараат пред нив, а не пред партискиот лидер, затоа сите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата треба да дадат поддршка на оваа иницијатива и да се издигнат на политичките разлики и да гласаат за подобар животен стандард на работниците. Ова решение е во интерес на сите граѓани и сите ние носиме одговорност да се погрижиме за економскиот просперитет на нашата држава“, рече Филипче.

Просечната плата во земјава, додаде, е намалена за 1000 денари, а цените на основните прехранбени производи постојано растат. Тој нагласи дека потрошувачката кошничка во септември 2024 година има достигнато 61.306 денари.

„Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена. Само за потсетување, Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Во 2016 година, просечната месечна нето-плата изнесуваше 22.460 денари, додека во мај 2024 година достигна 41.252 денари. Ова е резултат на посветените политики кои имаа за цел да го подобрат животот на секој граѓанин, особено на работниците“, рече Филипче.

Вели повратот на ДДВ е сериозен проблем на македонската економија, односно долгот на УЈП кон компаниите, за кој рече дека не е исплатен повеќе од три месеци, има надминато 100 милиони евра.

„Владата не презема конкретни мерки за покачување на платите и со тоа ги става работниците и нивните семејства во многу тешка економска и социјална положба. Сериозен проблем на македонската економија е и повратот на ДДВ, долгот на УЈП кон компаниите кој не е исплатен повеќе од три месеци надминува повеќе од 100 милиони евра. Такво нешто не се случило во последните седум години“, нагласи Филипче.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Маќеа пријавена за малтретирање на својата малолетна поќерка

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена