Гостивар
Се чекаат резултати од последните анализи на водата во Гостивар, првите мостри се исправни

Од петокот се вршат вонредни анализи на водата од градскиот водовод во Гостивар, откако претходно „Комуналец“ извести дека не е безбедна за пиење, поради присуство на бактерии.
И од претпријатието и од гостиварскиот Центар за јавно здравје, претпладнево добивме информација дека резултатите од првите земени мостри се микробиолошки и хемиско исправни. Се чекаат резултатите од останатите примероци земени викендов, кои најверојатно ќе се комплетираат утре.
„Земени се мостри три дена по ред, првите се исправни, а за останатите ги чекаме резултатите. Мислам дека утре веќе ќе ги имаме, за да се каже дефинитивно дали водата може да се користи за пиење“, рече д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје во Гостивар.
Од јавното претпријатие „Комуналец“ исто така очекуваат комплетни резултати во текот на утрешниот ден.
„Анализите од првите мостри покажаа дека водата е во ред, утре ќе ги знаеме резултатите за другите примероци. Инаку, водата во градскиот водовод редовно се хлорира“ , изјавија за Gostivarpress.mk од „Комуналец“ .
До конечните резултати останува препораката водата да не се користи за пиење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог