Гостивар
Се чистат цевките на атмосферската канализација во Гостивар

Екипи почнаа да работат на чистење на цевките на атмосферската канализациона мрежа во Гостивар. Според најавите од локалната самоуправа, работите ќе траат во период од еден месец, а ќе биде опфатена траса во должина од 5 километри. Активностите се спроведуваат во рамки на проект со финансиски средства од грант на УНДП.
„Овој проект има за цел олеснување на протокот на атмосферската вода при врнежи од дожд и топење на снегот на градските улици, што би овозможило избегнување на непријатни состојби во сообраќајот и ќе биде мерка за полесно справување со случаите на поплави. Проектот ќе биде под постојан надзор од екипите на техничката служба на ЈП „Комуналец“ – Гостивар кои ќе се грижат за непречено одвивање на работите според трасата одредена во соработка со изведувачот на проектот.“, соопштија од општината додавајќи дека по завршувањето на работите на главната линија, ЈП „Комуналец“ ќе продолжи со чистење на секундарната линија на атмосферската канализација за да се постигнат оптимални услови во целата мрежа на атмосферска канализација.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава