Македонија
Се чистат диви депонии во Гостивар, Тетово, Врапчиште и Боговиње

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП Хисен Џемаили и директорот на ЈУНП „Шар Планина“ Ибрахим Дехари денес направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на националниот парк Шар Планина.
Активностите опфаќаат чистење на 16 диви депониии во општина Тетово и 12 диви депонии во општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар и транспорт на отпадот до депонијата „Русино“.
Средствата потребни за реализација на овие активности се обезбедени од страна на МЖСПП.
Во оваа прилика министерот Нуредини укажа на обврската општините, согласно Законот за управување со отпад доследно да го спроведуваат начелото на универзалност на услугите и да обезбедат собирање и транспорт на комуналниот отпад и целосно покривање на подрачјето на кое ја извршуваат јавната услуга за управување со отпад, вклучително и изолираните населби.
Според Нуредини единствено на овој начин може да се спречи повторното појавување на „диви депонии“ во овие општини со што средствата инвестирани во активноста ќе ја постигнат целта – чиста и здрава животна средина и подобри животни услови на населението.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден