Поврзи се со нас

Гостивар

„Се чудиме како да си купиме леб и лекови“ – Втор протест на пензионери во Гостивар

Објавено

на

Втор протест на пензионери во Гостивар
Пензионерите од Гостивар потенцираат дека револтот е голем, затоа што наместо да имаат спокојни пензионерски денови, тие секојдневно се чудат како да си купат храна, потребните лекови и да плаќаат сметки.

„Пензиите не ни стасуваат за основни работи, за леб, за лекови. Сакаме достоинствен живот, зарем тоа е многу да се посака“, порачаа група пензионери кои денес по втор пат на протест искажаа незадоволство од висината на пензиите со барање за нивно покачување.

Потенцираат дека револтот е голем, затоа што наместо да имаат спокојни пензионерски денови, тие секојдневно се чудат како да си купат храна, потребните лекови и да плаќаат сметки.

„Срамота е да немаме пари за јадење, за на доктор. Никој не ги гледа нашите маки, не им е гајле, тие во Владата не се за народот, тие се само за фотелјите. Си земаат големи плати, а ние што да правиме, како да живееме со толку мали пензии, кој ќе ни помогне“, кажа Меадин Фетаи, пензионер.

Од иницијативниот одбор најавија дека на 1 декември ќе се организира протест во Скопје со учество на пензионери од цела Македонија.

„Минатата недела имаше состанок на иницијативните одбори од цела Македонија кој се одржа во Тетово и се донесе одлука на 1 декември да се организира протест во Скопје. Е ги потенцираме нашите барања, а ќе има и симболика со тоа што ќе ги однесеме нашите искинати чевли, за да докажеме колку чевли сме искинале за овие 4 месеци додека се организираат и одржуваат протести.“, рече Живка Матевска од иницијативниот одбор која оцени дека се‘ повеќе пензионери од Гостивар и гостиварско им се приклучуваат, но дека кај некои постои страв јавно да излезат и да говорат за проблемите:

„Со задоволство можам да кажам дека на овој втор протест излеговме во малку поголем број, очекував и повеќе, но нема да се откажеме продолжуваме и понатаму. Мислам дека страв има кај пензионери, имаат деца кои од било која партија вработени и да не има некои последици, а ова е во корист на сите, ние сите сакаме достоинствен живот, со 10-12 илјади денари не може да имаш живот.“

За маката и тешкотиите со кои се соочуваат, на денешниот протест зборуваа и други пензионери.

„Срамота е да нема лекови да купиме, со 12-13 илјади денари пензија не остануваат пари, ни половина леб да купиш, лековите на приватно се со цени до небото, јадењето со цени до небото, дали сметка да платиш, што да правиш? Оваа Влада и корените ги зеде и сега го пљачка народот. Нели е греота да не може на детето, на внучето свое да му обезбедиш се што му треба. Се чудиме како да преживееме од денес до утре“, рече пензионерка.

Пензионерски протести изминатиот период се одржуваат во повеќе градови низ земјата. Главни барања на пензионерите се минимална пензија 18.000 денари, линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и укинување на партиципацијата за пензионерите.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 1 недела

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Спортпред 2 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена