Гостивар
Се‘ е подготвено за прослава на големиот празник Преображение во Гостивар
Православните верници од Гостивар и гостиварско со нетрпение и радост го очекуваат утрешниот празник Преображение Христово, кој традиционално се одбележува со голема прослава во манастирот во изградба „Свето Преображение“ во гостиварската населба Циглана.
Иницијативниот одбор изминатиот период работеше на организација на празнувањето, а подготовките се веќе заокружени за Гостивар и годинава да има величествен настан во чест на Преображение.
По повод празникот утре во 9 часот Владиката г.Јосиф и свештениците од гостиварското архиерејско намесништво ќе извршат водосвет и благословување на грозјето, по што од 10 часот ќе следува народна веселба. Во очи празникот, вечерва со почеток во 20.30 часот се организира музичка вечер со Влатко Миладиноски.
Изградбата на храмот во Циглана напредува, а околу манастирот е подигнат 55 метри потпорен ѕид.
Преображение по својата смисла и значење е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, односно покажување на неговата божественост пред своите најблиски ученици на Таворска Гора, кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Традициите налагаат на Преображение за прв пат да се јаде грозје, откако свештеникот ќе го благослови во знак на благодарност кон Бог за дадените плодови на земјата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар