Поврзи се со нас

Гостивар

Се испитува составот на отпадот од полошките општини – Предвидени и итни мерки за депонијата Русино

Објавено

на

    Експертски тим започна со вршење на анализа на составот на отпадот, кој се собира во општините од полошкиот регион. Активноста е дел од проектот за управување со цврст отпад, а целта е изработка на Регионален план и Физибилити студија со конкретни мерки кои треба да се преземаат на ова поле.

    Денес, во присуство на претставници од комуналните претпријатија од Полог, вработени во гостиварски Комуналец под водство на стручни лица, презентираа на кој начин се врши селекцијата на сметот, од која постапка понатаму се прибираат податоци.

    „Тоа што денес го правиме овде е следно: го ставаме отпадот на масата за сортирање, која е конструирана на две нивоа, горно каде останува покрупното и долно ниво, каде паѓа поситното ѓубре. Потоа од горното ниво каде е поголемиот отпад го сортираме во различни канти, како на пример стакло, пластика, метал, органско ѓубре, хартија и отпад кој не може да се рециклира. Сето тоа се мери и потоа од добиените податоци можеме да создадеме една слика за составот на отпадот во полошкиот регион, а тоа е основната информација која ни треба за да развиваме технички можности за управувањето со отпадот согласно законските рагулативи.“, објасни експертот Александра Зелц.

    Проектот предвидува и неколку краткорочни мерки, кои се дефинирани како итни.  „Се предвидува поставување на вага со целокупна опрема во Русино, нејзино оградување, соодветни мерки за собирање и третман на исцедокот и друго“, рече Филип Иванов, заменик тим лидер на проектот.   

    Проектот за управување со цврст отпад во полошкиот регион се реализира со поддршка на Швајцарскиот секретаријат за економски работи, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Сподели ја веста:
    1 Коментар

    1 Коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 9 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 18 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 23 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 1 ден

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 1 ден

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 1 ден

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 1 ден

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 1 ден

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена