Поврзи се со нас

Спорт

Се издвоија најдобрите ТОП 8 екипи во кошаркарска Европа

Објавено

на

Заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига која сезонава после подолго време понуди крајно атрактивна и возбудлива кошарка. По 34 одиграни кола ги дознавме најдобрите осум екипи кои преку баражот ќе ја продолжат борбата за европскиот клупски трон.

Едно е сигурно, Европа ќе добие нов шампион бидејќи бранителот на титулата Анадолу Ефес не се пласираше во ТОП 8. 

Олимпијакос, Барселона, Реал Мадрид, Монако, Макаби Тел Авив, Партизан, Жалгирис и Фенербахче, се најдобрите европски екипи во сезоната 2022/2023.

Првопласираниот Олимпијакос нема да има нималку лесна задача против турскиот Фенербахче. Барселона како второпласирана ќе игра против Жалгирис. Единствен кој можеше да „бира“ противник во четвртфиналето беше повратникот после 8 години во ова натпреварување белградски Партизан, кој по победата над Панатинаикос ќе се сретне со третопласираниот Реал Мадрид. Последната двојка во четвртфиналето е Монако – Макаби.

Подобро пласираните тимови имаат предност на домашен терен. Првите натпревари се закажани за 25 и 26, вторите на 27 и 28 април. Третите се закажани за 2 и 3 мај, а четвртите на 4 и 5 мај. Евентуалната мајсторка би се играла на 9 или 10 мај.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена