Македонија
Се крати рокот за плаќање на обврските на јавниот сектор кон приватните фирми на 30 дена

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска ги подготви Министерството за финансии, а ги усвои Собранието во рамки на 117-тата седница.
-Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Скратување за 30 дена, како што е посочено во соопштението, има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена.
Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од први јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден