Поврзи се со нас

Вести

Се очекува до 15 ноември на планетата да има осум милијарди жители

Објавено

на

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат проекциите на Одделот за економски и социјални прашања на ОН. Според истите податоци, до наредната година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.

– Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Тоа е, исто така, „време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца“, додава тој.

Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година.

Околу 12 години беа потребни за да се зголеми светското население од 7 на 8 милијарди, приближно исто време како од 6 на 7 милијарди. Наредната милијарда се очекува да се достигне за околу 14,5 години.

Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави – Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

Африка и Азија ќе водат во растот на населението до 9-та милијарда во 2037 година.

Глобалниот животен век достигна 72,8 години во 2019 година што е подобрување за речиси 9 години од 1990 година. Но, во 2021 година, очекуваниот животен век за најнеразвиените земји заостануваше 7 години зад глобалниот просек.

Во многу држави во развој, уделот на работоспособното население, помеѓу 25 и 64 години, се зголемува.

Предизвиците со кои се соочува човештвото се акутни – прашањата како што се климатските промени, конфликтите и Ковид-19, несразмерно ги погодуваат најмаргинализираните и најранливите меѓу нас. Милиони луѓе и натаму живеат во сиромаштија и страдаат од глад, немаат пристап до здравствена и социјална заштита и не можат да завршат квалитетно основно и средно образование. На жените ширум светот сè уште им е ускратено основното право да донесуваат одлуки за нивните тела и иднината, а гледаме загрижувачко уназадувањена напредокот во однос на правата на жените во многу држави.

– И покрај овие предизвици, приказната за 8-те милијарди и за тоа како стигнавме до овде е приказна за триумф. Ја намаливме сиромаштијата и постигнавме забележителен напредок во здравствената заштита. Нас, луѓето, нé има повеќе од кога било досега, делумно и поради зголемување на животниот век и падот на смртноста на доенчињата и мајките, се вели во соопштението на Фонд за население на Обединетите наци.

Извршната директорка на Фонд за население на Обединетите наци –УНФПА, Наталија Канем, посочува дека ова е успешна приказна, а не сценарио за судниот ден.

– Нашиот свет, и покрај неговите предизвици, е свет каде што поголем дел од луѓето се образовани и живеат поздрав живот отколку во кој било претходен момент во историјата, смета Канем.

Според неа, фокусирањето исклучиво на збирот на населението и стапките на раст ја промашува поентата и често води до принудни и контрапродуктивни мерки и ерозија на човековите права.

– УНФПА, како што се приближуваме до ноември 2022 година, ќе работи со нашите партнери и заедници за да ја искористи моќта на 8-темилијарди како дел од нашата мисија за постигнување на целите утврдени во Програмата за акција на Меѓународната Конференција за население и развој во 1994 година. Човештвото, преку заштитата на правата и изборот на сите луѓе, го има клучот за ослободување на неограничениот потенцијал на луѓето ширум светот да се справат со предизвиците што им се закануваат на нивните општества и глобалните проблеми што нè загрозуваат сите нас, посочува Канем.

Таа додава дека мораме сите заедно да работиме на справување со сиромаштијата, дискриминацијата, насилството и исклученоста и другите бариери кои им ги ускратуваат правата и изборот на милиони луѓе ширум светот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 45 минути

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 2 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 3 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 4 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 18 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена