Македонија
Се одбележува Задушница во спомен на починатите

Православните христијани денес и утре одбележуваат Задушница, во спомен на починатите од семејството. Се посетуваат нивните вечни почивалишта, а црквата налага на гробот да се принесе пченица, лепче, вино, да се запали свеќа и да се повика свештеник со кој се споменуваат имињата на блиските покојни. Кај граѓаните останал обичај уште од минатото да се носи и раздаваат храна „за душа и покој“.
Во недела се празнува Духовден, празник кој го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Празникот уште се вика и Света Тројца затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син, дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош