Вести
Се поставува канализација на ул„Драге Тодороски“ која неодамна беше поплавена
Гостиварското Јавно претпријатие Комуналец работи на поставување на канализација на ул„Драге Тодороски“, каде граѓаните се соочија со поплави од обилните врнежи минатата недела.
Како што информираше директорот на претпријатието, Исак Лазами станува збор за канализација од 150 метри со која ќе се реши проблемот и жителите од околните куќи повеќе нема да мора да стравуваат од нови поплави.
„Проблемот постоел петнаесет години за 150 метри канализација. Ние веќе работиме на терен и верувам дека до вторник се ќе биде завршено“, вели Лазами.
Жителите од улицата минатата недела соочени со поплавени дворови, подруми и вода во самите домови алармираа и јавно преку медиумите барајќи да им се помогне. До нашата редакција во неколку наврати испраќаа фотографии и апел за помош.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар