Гостивар
Се поставуваат нови прозорци во гимназијата во Гостивар

Утрово во гимназијата во Гостивар започна првата фаза од проектот за замена на старите прозорци со нови, кои се енергетски ефикасни. Проектот се реализира со пратнерство на Општина Гостивар и УСАИД, а најпрво се работи на предниот дел од училишниот објект.
„Навистина се гордееме што после сите подготовки и процедури денес започнаа активностите. Професорите и учениците најдобро знаат колку е ова значајно и колку ќе ги подобри условите за следење на настава.“, рече директорот на гимназијата, Мирсад Исеини.
Замената на старите со нови прозорци во предниот дел од зградата ќе заврши викендов, а во следната фаза со нови прозорци ќе се комплетира целото училиште.
Преку УСАИД за проектот се издвоени милион и 700 илјади денари, додека општината влегува со финансии од околу 2 милиони денари.
Во гостиварската гимназија настава посетуваат скоро 1.000 ученици.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето