Поврзи се со нас

Македонија

Се‘ повеќе онлајн продавници, граѓаните дале 195 милиони евра на домашни е-дуќани за 6 месеци

Објавено

на

    Трендот на пораст како на вредноста и на бројот на е-трансакции продолжува да расте. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите шест месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70 отсто од вкупната вредност на направени онлајн трансакции, информираат од Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија – АЕТМ.

    И во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купуваат од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. После остварениот пораст од 169 отсто во првата половина од 2020 година и 83 отсто во 2021 година, во текот на првите шест месеци од 2022 година Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22 отсто во однос на истиот период претходната година (согласно ревидираните податоци за 2021 година на НБРСМ од март и јуни 2022).

    – Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години, ако имаме предвид дека е од значително повисока основа која е резултат на пандемијата и рестриктивните мерки. Позитивно е што во структурата со 70 осто и понатаму доминира вредноста со домашни картички кон домашни е-трговци. Во секој случај, неопходно е да напоменеме дека преку податоците од Народната банка на Република Северна Македонија ја следиме е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно само трансацкиите реализирани онлајн, додека се повеќе растат онлајн нарачките за кои плаќањето се извршува при прием на пратката за кои отсуствуваат податоци, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

    Таа напоменува дека растот и развојот на е-трговијата е во интерес на сите и во интерес на развој на домашната економија, како и дека за да се креираат соодветни политики и промени потребно е да се носат одлуки кои ќе бидат базирани на точни и квалитетни податоци.

    Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6.1 милион и претставува пораст од 15 отсто во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица  – 30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра.

    Со странски картички кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2022 година реализирани се скоро 11 милиони евра односно 43 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, во 292 илјади трансакции. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 37.7 евра.

    Македонците во странство направиле трансакции вредни 71 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 66 осто раст во однос на минатата година. При тоа правните лица имаат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции или скоро 70 проценти во однос на претходната година.

    Со тоа се зголемува учеството на правните лица во вкупните трансакции на скоро 32 отсто. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство изнесува 1.7 милион и расте со 31 проценти во однос на истиот период лани. Просечната трансакција изнесува 40.1 евра, и тоа 31.3 евра кај физичките лица и 118.3 евра кај правните лица.

    Во првото полугодие од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци и во странство од македонци, изнесува скоро 277 милиони евра, што претставува пораст од 31.7 отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на вкупните онлајн трансакции во истиот период изнесува 8.1 милион и расте со помал интензитет (19 проценти)  од вредноста на вкупните онлајн транскации во истиот период минатата година, што значи дека е зголемена вредноста по трансакција т.е нарачка и таа изнесува 34.2 евра. При тоа просечната трансакција на правните лица е поголема (44.8 евра) во однос на физичките лица (30.9 евра).

    Според податоците со кои располага АЕТМ во земјава заклучно со 30.06.2022 година активни се 1.762 витруелни или интернет продажни места. Во вториот квартал на 2022 година се отворени 110 нови виртуелни продавници.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 5 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 7 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 8 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 9 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 10 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 13 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена