Поврзи се со нас

Македонија

Се прават калкулации за цената на струјата од 1 јануари

Објавено

на

Во моментов се прават калкулации за евентуалната цена на електрична енергија од 1 јануари, но Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Она што во моментов се прави е калкулациите и дискусиите на релација на задолжените министерства и задолжените претпријатија во државата во поглед на определувањето на цената на електрична енергија за идното полугодие почнувајќи од 1 јануари. Клучно е, повеќе елементи има во цената на електричната енергија бидејќи ЕСМ не произведува електрична енергија само за ЕВН Хоум, туку тоа произведува електрична енергија и за загубите во мрежа и исто така за делот којшто е потребен и за дистрибуција, што значи дека не може да се каже дали една цена ќе биде 48 евра, туку се работи за три ценовни категории коишто влијаат на финалната цена која што ја добиваат купувачите, рече премиерот Ковачевски.

Можам да потврдам, потенцираше тој, дека „Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните“.

-За сите граѓани како што не дозволивме и досега, и исто така ќе се потрудиме да се определи цена на електрична енергија со зголемено производство на електрична енергија бидејќи на тој начин може да се намали цената која што ќе овозможи и релаксирање на регулираниот пазар во делот на малите потрошувачи каде има 72 илјади компании кои вработуваат 98 проценти на вработени во државата, рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека не може да ја знае финалната цена на струјата, но дека ќе нема ценовен шок за граѓаните.  Цената на струјата, вели тој, зависи прво од одлуката на РКЕ која решева независно, додека цената на електрична енергија која што државното производство на електрична енергија ја продава на ЕСМ зависи од трошоците на производство, како и од економијата на обем која што ја постигнува. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена