Поврзи се со нас

Македонија

Се празнува 7 мај, Ден на македонската полиција

Објавено

на

Датумот 7 мај се одбележува како Ден на македонската полиција. По тој повод министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово положи свежо цвеќе на спомен обележјата на бранителите и починатите колеги на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР.

Во неговото обраќање во чест на 7 мај, Спасовски меѓу другото вели: „Овој ден, Ден на полицијата, кој од срце ви го честитам, за мене претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа. Пожртвуваност, затоа што полициските службеници се обврзуваат да ги ставаат безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените и се во првите редови за подобар, посигурен и побезбеден живот на сите граѓаните на РСМ.Одговорност, затоа што во ваши раце се неселективната борба против криминалот и корупцијата и бескомпромисното владеење на законите. Нашата заедничка цел е нулта толеранција за корупцијата, без исклучок! А кога сме кај храброста –уште кога ја облековте оваа униформа, со првите ризични ситуации со кои се соочивте, бевте свесни дека ништо нема да сторите без оваа доблест, исто како што знаевте дека храброста, покрај чесноста, е најголемиот квалитет на умот. А на овој посебен ден не може да не помислиме на оние наши колеги, на оние храбри срца што ги нема денеска во нашите редови – нивната храброст и нивната жртва никогаш нема да бидат заборавени, а она што ни го оставија во наследство и споменот за нив, претставуваат инспирација за секој граѓанин. И конечно – моралот, затоа што да се биде полицаец е да се обавува високоморална професија. Вие сте првиот пријател кој е најбаран во незгода или во тешка ситуација, вие сте тие кои создаваат чувство на доверба, на сигурност кај граѓанинот, заштитници на нивните права, интереси и слободи.“.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена