Поврзи се со нас

Македонија

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Објавено

на

Денешниот празник е востановен во чест на Свети Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството. Свети Климент го создал првиот словенски универзитет – Охридската книжевна школа. Имал голем број ученици коишто ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. Вршел чуда и за време на земниот живот, а се верува дека неговите мошти и во денешно време  пројавуваат исцелителна сила. Покрај црковните и педагошките дејности, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички. Празникот во земјава се одбележува со низа настани. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Денешниот ден е прогласен за неработен ден во државата.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена