Македонија
Се празнува Денот на македонската револуционерна борба
Македонија одбележува 128 години од основањето на Македонскиот револуционерен комитет, темел на организираното револуционерно движење. На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина македонски интелектуалци: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на Организацијата со што македонското национално-ослободително движење доби организиран облик, со мисија борба за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од странски земји.. На почетокот наречена Македонски револуционерен комитет, потоа преименувана во ТМОРО, ВМОРО, а најмногу позната како ВМРО (Внатрешно Македонска Револуцонерна Организација).
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската република и НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Денешниот датум во земјава од 2007 година се празнува како државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар