Гостивар
Се празнува Денот на Светите браќа Кирил и Методиј
Дваесет и четврти мај се слави како празник на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Тие ги поставиле темелите на словенската писменост и литература, ја развивале културата кај словенските народи и го ширеле христијанството.
Кирил и Методиј се родени во Солун во угледно и богато византиско семејство, од татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмладиот Константин во 826/27 година.
Методиј завршил највисоки школи во Константинопол и ја избрал воената служба. Десетина години бил управител на Словенско кнежевство во Македонија што било под власта на византискиот император. Кога ја напуштил оваа служба, заминал во манастирот на планината Олимп, каде што се закалуѓерил. Подоцна, во овој манастир дошол и неговиот помал брат Константин, со кого заедно учествувале во неколку значајни мисии.
Кирил, уште како дете се истакнувал во учењето, поради што бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се школува во познатата Магнаурска школа во Цариград со ранг на денешен универзитет. Тука се афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на Босфор. По престојот во манастирот станал познат професор по филозофија на Магнаурската школа.
За најважна мисија на браќата се смета Моравската, која ја иницирал моравскиот кнез Ростислав. Тој од Византија побарал да му испратат луѓе кои ќе го проповедаат Божјото слово на разбирлив словенски јазик. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука-глаголица и за првите преводи од грчки на словенски јазик, Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград