Гостивар
Се преуредува просторот околу болницата во Гостивар: Алтернативен пат, нов паркинг, реконструкција на дворот…

Отворање на алтернативен пат, обезбедување на нов паркинг простор, уредување на дворната површина, се дел од зафатите кои изминатиот период почнаа да се реализираат во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Целта на проектот за реконструкција на просторот околу болницаа е да се подобрат условите, да се олесни движењето на возилата околу болницата, да се обезбеди побрз пристап на возилата на Брзата помош и да се облагороди дворниот простор. Вредноста на првата фаза на проектот се проценува на над 69.000 евра.
„Таа опфаќа регулирање на дворот, осветлување, знаци, клупи за пациентите и посетителите, зголемен капацитет за паркирање и дополнително зеленило пред главниот влез на болницата и целиот простор пред Ургентното одделение и Инфективното одделение. Исто така, во соработка со општина Гостивар и градоначалникот Валбон Лимани, започнавме со отворање на патот кој ќе поминува од Ургентен центар до околу Инфективното одделение и ќе се поврзе со главниот пат пред ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“. Отворањето на овој пат ќе биде исклучително корисно и ќе ја олесни циркулацијата на амбулантните возила, циркулацијата на добавувачите кои ја снабдуваат болницата со разни материјали и се надеваме ќе реши многу други пречки што постоеја за движење на пешаците и автомобилите на паркингот. Во соработка со надлежните институции и претставниците на компанијата Пела Мед, која е лоцирана како објект пред ургентната единица на болницата, од минатата недела се вратениво сопственост и користење на болницата повеќе од 600 м2 простор кој ќе прерасне во нов паркинг и зелени површини“, информираше в.д. директорот на болницата д-р Арѓент Муча, кој на функцијата стапи на почетокот на јули.
Освен тоа, започната е целосна реконструкција на објектот во кој работат административците од секторот финансии и сметководство, зграда која е стара речиси 80 години. Таму, од денес почна обнова на фасадата од 280 м2, по што, споед најавите ќе започне и реконструкција на дворот пред објектот со над 100 м2 бекатонки и над 100 м2 зелени површини.
Муча вели дека од особена важност се и донациите кои болницата ги добила од организации со кои воспоставиле соработка.
„Од постојаните контакти со донатори од нашата земја и странство, успеавме да склучиме договор за соработка со хуманитарното здружение LetzCare од Луксембург, од каде пред неколку дена пристигна и првата донација од неколку столчиња и инвалидски колички за неподвижни пациенти и други потребни материјали кои може да се користат за нашата болница. Организиравме уште една многу важна донација заедно со семејството Адили од тетовско Радиовце, кои донираа 15 електрични болнички кревети за нашата болница во вредност од околу 30.000 евра.“, вели в.д. директорот.
Одредени реновирања се извршени и во амбулантите за дерматологија и урологија, а во иднина планирани се работи за обнова и на интерното и гинеколошко-акушерското одделение.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос