Спорт
Се разбуди КК Гостивар, совладана екипата на Еуроникел 96-87

„Бело-сините“ ја запишаа првата победа сезонава. Во возбудлив натпревар вечерва, во Спортската сала Младост, пред празни трибини, ја совладаа екипата на Еуроникел од Кавадарци со резултат 96-87.
Гостиварци нападнаа од самиот почеток, но искусната екипа на Еуроникел не дозволи развој каков посакуваа домаќините, првиот период заврши 25-20. Надигрувањето продолжи и во втората четвртина која беше изедначена, на полувреме се замина со резултат 47-41.
Доминацијата на КК Гостивар започна во вториот дел, преку расположените Армстед и Тодоровиќ, добивајќи го периодот и обезбедувајќи двоцифрено водство 73-60. Во последниот период гостите од Кавадарци ја намалија разликата на -5 поени, но гостиварци во ниту еден момент не дозволија да ја загрозат победата, добивајќи го натпреварот 96-87.
Малком Армстед беше креаторот на оваа важна победа за КК Гостивар, со 28 поени, 8 асистенции, 6 украдени топки и вкупен индекс 39, беше убедливо најдобар поединец на теренот. Тородовиќ постигна 22 поени и 12 скока, Костоски и Мосли запишаа по 13, Димитриевски 7, Тасовски 6, Јанески 5 и Штерјов 2 поена.
Кај гостите Данило Мијатовиќ беше најрасположен, постигна 26 поени.
Во следното коло, веќе во среда гостиварци ќе гостуваат во Куманово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила