Поврзи се со нас

Македонија

Се разгледува можноста училиштата и прехранбените капацитети да се насочат кон ЕСМ продажба

Објавено

на

    Се разгледува можноста училиштата, здравствените установи и компаниите од прехранбената индустрија да се снабдуваат со електрична енергија од ЕСМ продажба. Одлуката, како што брифираат владини извори, ќе се донесе врз основа на потрошувачката и можностите на ЕСМ за зголемено производство.

    Владини извори брифираат дека има две опции – ЕСМ продажба или регулиран пазар. Опцијата да се стават овие потрошувачи на регулираниот пазар е помалку прифатлива затоа што тоа би значело повисоки цени за електрична енергија за домаќинствата.

    – Ако се стават овие компании на регулиран пазар, тогаш се губи смислата на регулираниот пазар и граѓаните ќе треба да ја платат цената на сите овие компании, велат владини извори.

    Посочуваат дека ЕСМ во моментов ги има вклучени сите капацитети кои му се на располагање, освен Блок 3 за кој на 21 октомври треба да биде испорачан трансформаторот од Турција и да пристигне во Битола на 26 октомври.

    Според надлежните, земјата има и доволно количини на јаглен, а во случај ништо да не функционира во рудниците за јаглен и да нема испорака, би имале јаглен за 20 до 30 дена.

    – Дневната потрошувачка во РЕК Битола е 12-13 илјади тони јаглен,  а дневната потршувачка во Осломеј е околу три илјади тони. Дневно ископот во РЕК Битола во овој период е 20 илјади тони, а дополнително околу 2.800 тони дневно има достава на јаглен од Грција и од Албанија. Доколку се случи некоја катаклизма, ништо да не функционира, тогаш може да работиме 20-30 дена без ниту еден грам јаглен, велат владини извори.

    Посочуваат дека остануваат отворени и разговорите за набавка на електрична енергија за стопанството со цел да се обезбеди струја по прифатлива цена за бизнис секторот и да се одржи економијата во кондиција. Од бугарска страна има добра волја да се помогне во овој дел, но засега не може ништо да се стори затоа што бугарското законодавство ги обврзува вишоците на електрична енергија да ги продаваат по берзански цени. Отворени се и разговарите со Турција, но во овој случај прекуграничниот транспорт е прилично скап.

    Од Владата остануваат на ставот дека рестрикциите не се опција.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 6 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 7 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 8 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 10 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 10 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 13 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 7 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена