Гостивар
Се шират морбилите во Гостивар, за пет дена има седум нови случаи

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, бележи седум нови случаи на заболени од мали сипаници на гостиварското подрачје. Тоа се пациенти кој кои се утврдени морбили во периодот од 20 до 25 април. Вкупната бројка на заразени во регионот на Гостивар сега изнесува 27, што го става на шестото место во земјава, после Скопје (751), Куманово (109), Тетово (99), Струга (61) и Кичево (30).
Најголем дел од последните регистрирани заболени биле на возраст над 20 години. Според вакциналниот статус, 71,6% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Поради исполнување на епидемиолошките критериуми, епидемија од мали сипаници е прогласена на цела територија на земјава од минатата недела.
На инфективната клиника во Скопје, 16-годишно девојче, со компликации од морбили, а кое има церебрална парализа, се бори за живот, а во потешка состојба се уште шест пациенти.
Во вакциналните служби и на терен се спроведува вонредна вакцинација со МРП, а невакцинирани деца не се примаат во градинка и во училиште.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?