Вести
Се слави Св.Марина – Огнена Марија
Православните верници ја чествуваат Св. великомаченица Марина, празник кој меѓу народот е познат како Огнена Марија. Оваа светица потекнува од семејство кое не било религиозно. Таа ја спознала љубовта кон Исус Христос на свои 12 години и се заветила дека никогаш нема да се мажи, туку ќе се посвети на добри дела и на Господ. Татко ѝ ја замразил заради нејзината вера и не ја сметал повеќе за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дознал дека е христијанка, побарал од неа да му биде жена. Кога го одбила, ја подложил на маки и во болка и рани ја фрлил во затвор. Наредниот ден била мачена во оган и во вода, но Марина претрпела сѐ. На крај била осудена на смрт со меч.
Огнена Марија се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, таа пали и казнува со огин и спаѓа во огнени светци. Обичајот за празникот вели дека поради големата жештина горат небото и земјата и ништо не треба се работи. Во преданијата се наведени примери кога на луѓето кои работеле на овој празник од оган и громови им биле запалени житото, сеното и домовите.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди