Поврзи се со нас

Гостивар

Се спремате да патувате во зима? Еве какви се законите за зимски гуми во Европа

Објавено

на

Зимата е на врата, се ближат новогодишните празници, период кога многумина сакаат да патуваат во некоја друга европска земја.

Се надеваме дека добро сте запознати со основната подготовка на автомобилот пред тргнување на пат во зимски услови. Прво и најважно се секако зимските гуми, чија примена варира од земја до земја и од регион до регион. Ви пренесуваме дел од законите за зимски гуми во Европа.

Зимските гуми се задолжителни во Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Срвија, Словенија и Шведска.

Албанија – Зимските гуми се по избор, но возачите во возилата од 1 ноември до 30 април мора да имаат ланци.

Андора – Зимските гуми не се задолжителни, но може да се користат од 1 ноември до 15 април. Минималната длабочина на шарата е 4 мм.

Ерменија – Зимските гуми не се задолжителни, но мора да бидат соодветни за зимски услови.

Австрија – Зимски гуми се задолжителни, со соодветни ланци. Законот е на сила од 1 ноември – 15 април. Минималната длабочина на шарата е 4 мм и мора да има ознака М & С.

Белорусија – Потребни се зимски гуми, а ланци се дозволени помеѓу 1 декември и 1 март.

Белгија – Зимските гуми не се задолжителни и дозволени се ланци.

БиХ – Од 15 ноември до 15 април, без оглед на временските услови, неопходно е да се користат зимски гуми или гуми за сите сезони, со шара од најмалку 4 мм.

Бугарија – Се препорачуваат зимски гуми, а ланци се задолжителни од 1-ви ноември до 31 март.

Хрватска – Во случај на снег и мраз, возачите мора да користат најмалку две зимски гуми поставени на погонските тркала, со минимална длабочина на шарите од 4 мм. Ланци и лопата мора да бидат дел од опремата.

Кипар – Се препорачуваат зимски гуми.

Чешка – Потребни се зимски гуми и ланци. Зимската сезона трае од 1 ноември до 1 април, минимална длабочина на шарата од 4 мм.

Данска – Се препорачуваат зимски или сезонски гуми и дозволена е употреба на ланци.

Финска – Потребни се зимски гуми или М & С и длабочина на шарата од најмалку 3 мм дозволени се ланци од 1 декември до крајот на февруари.

Франција – Како општо правило, зимските гуми се по избор. Сепак, во одредени планински области, потребни се зимски гуми и ланци.

Германија – Регулативата за 2010 година наведува дека сите патнички автомобили и мотоцикли мора да имаат зимски гуми на сите оски. Исто така, се препорачува да се носат ланци.

Грција – Зимските гуми не се задолжителни, но гумите на автомобилот мора да бидат соодветни за зимски услови. Дозволени се ланци.

Унгарија – Зимските гуми не се задолжителни, но возачите мора да имаат ланци во случај времето да се влоши.

Исланд – Потребни се гуми за зима од 1 ноември до 14 април. Датумите понекогаш се менуваат.

Италија – Се препорачуваат зимски гуми и се бараат само на одредени правци. Синџирите мора да се поседуваат во одредени области. Зимската сезона трае од 15 октомври до 15 април. Во Вал Д’Аоста, возилата мора да имаат зимски гуми и ланци.

Латвија – Потребни се зимски гуми од 1 декември до 1 март.

Литванија – Зимските гуми мора да се користат од 1 ноември до 1 април.

Луксембург – Зимските гуми не се задолжителни, но гумите мора да бидат соодветни за зимски услови.

Молдавија – Потребни се зимски гуми од 15 ноември до 31 март.

Норвешка – Зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 3 мм треба да се користат ако патот е покриен со снег или мраз. Другите услови се препорачуваат во текот на зимата, но се по избор. Сепак, треба да имате ланци.

Полска – Се препорачуваат зимски гуми, но не се задолжителни.

Португалија – Зимските гуми не се задолжителни, но потребни се ланци каде има знак.

Романија – Зимските гуми не се задолжителни, но мора да бидат соодветни за зимски услови.

Русија – Зимски гуми и ланци се задолжителни.

Србија – Зимски гуми и соодветни ланци се задолжителни.

Словачка – Зимските гуми се по избор, но оние што го носат симболот M&S мора да се користат во услови на снег и мраз.

Словенија – Зимските гуми се задолжителни, како и поседување ланци и лопата. Зимската сезона трае од 15 ноември до 15 март.

Шпанија – Употребата на зимски гуми варира според регионот. Треба да се обрне внимание на сообраќајните знаци што укажуваат дека е задолжително да имате зимски гуми или ланци.

Шведска – Потребни се зимски гуми и се препорачува да има ланци од 1 декември до 31 март. Гумите мора да имаат ознака М & С и минимална длабочина на шарата од 3 мм.

Швајцарија – Како Шпанија, зимските гуми не се задолжителни, но мора да бидат соодветни за зима. Исто така, постојат сообраќајни знаци на локации каде што се потребни зимски гуми или ланци.

Турција – Зимските гуми се незадолжителни, но се препорачува носење на ланци во одредени области.

Украина – Зимските гуми се по избор.

Велика Британија – Зимските гуми се по избор и дозволени се ланци.

Македонија – Зимските гуми се по избор, но ланци мора да се носат од 15 ноември до 15 март. Минималната длабочина на шарите е 5 мм.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена