Поврзи се со нас

Гостивар

Се „спукаа“ Антикоцкање и Сакам да работам…

Објавено

на

Општеството е во деградација поради коцкањето и задолжувањето за овој порок, искатнаа денес на прес конференција од Движењето Антикоцкање од Тетово. Нивните активисти  поставија симболичен триаголник од кој нема излез и кој според нив го сочинуваат казината, фирми за брзи кредити и аптеките.

„Ова не е едноставен триаголник, и можеме да го наречеме „бермудски“ триаголник, кој уништува сè што му се приближува, триаголник кој функционира совршено, триаголник кој пркосно ја надминува секоја човечка логика, само за да победи организаторот на тие игри било да е индивидуален или групен интерес. Во близина на секое казино има банка или „продавница за пари“, познати како куќи за брзи кредити, после загубата во казино на тие пари близу е аптека за да се снабдувате со различни седативи за да се смирите себеси или вашето семејство а во многуте случаи тие имаат со фатален завршеток со болни судбини. „Кога образованите молчат поради образование, неуките мислат дека им ја затвориле устата“, изјави Џемал Абдиу од Антикоцкање.

Од Здружението на вработени во игрите на среќа Сакам да работам излегоа со реакција во која се вели:

„10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности? Еве ги 12-те конкретни прашања за кои јавноста се’ уште од нив нема одговори: Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и овие последните за герила маркетинг? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво? Бидејќи денес, тргнувајќи од нивната улога на пиони, изнесуваат невистинито тврдење дека сме злоупотребени, еве им уште ново, 13-то прашање: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена