Националната научна фондација на САД (NSF), соопшти дека во вторникот на 1 декември, се сруши вториот по големина радиотелескоп во светот Арисебо. 900 тони тешката платформа од приемникот на телескопот се сруши врз садот рефлектор 140 метри подолу.
Научниците катастрофата ја најавија уште во август, кога дојде до пукање на две помошни сајли, една од нив удрила во една од антените која при падот направила 30-метри широка дупка во садот со пречник од 307 метри. Националната научна фондација, која е сопственик на опсерваторијата со која управува Универзитетот во Централна Флорида, соопшти дека екипите кои ја процениле состојбата по првиот инцидент утврдиле дека преостанатите сајли можат да се справат со дополнителната тежина. Но, на 6 ноември пукнала уште една сајла, по што опсерваторијата е евакуирана.
Телескопот беше изграден во 60-тите години на минатиот век со пари од Министерството за одбрана на САД. Тој претрпе урагани, тропска влажност и неодамнешна низа земјотреси во своите 57 години работење.
Телескопот се користеше за следење на астероиди на патот кон Земјата, за истражување во областа на радиоастрономијата, атмосферската физика, како и радарски набљудувања на објектите во Сончевиот систем испроведување на истражувања што доведоа до Нобелова награда и утврдување дали една планета е потенцијално погодна за живеење. Исто така, служеше како полигон за обука на дипломирани студенти и привлекуваше околу 90.000 посетители годишно.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK