Вести
Се‘ уште непознато кој ги дупна гасоводите Северен тек 1 и 2
Поради сложеноста на акцијата во која на повеќе места беа пробиени гасоводите Северен тек 1 и 2, ЦИА се сомнева во државен тероризам. НАТО и сите тајни служби на погодените земји соработуваат за откривање на сторителите. Европската унија се заканува со остри мерки. Русија објавија дека најверојатно причина за таквата штета е саботажа.

Европската унија чија енергетската инфраструктура е повредена смета дека саботажата е веројатна причина за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 и се закани со контрамерки. „Сите достапни информации покажуваат дека овие протекувања се резултат на намерен чин“, рече во средата шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во име на 27-те земји-членки. Секое намерно нарушување на енергетската инфраструктура на Европа „ќе биде проследено со силен и колективен одговор“, пренесува Шпигел.
Вкупно три истекувања беа откриени во една од цевките на Северен тек 2 и во двете цевки на гасоводот Северен тек 1 во шведските и данските територијални води, североисточно од данскиот остров Борнхолм, по првичниот пад на притисокот во понеделникот вечерта. Уште во вторникот, Полска , Шведска , Данска и Русија рекоа дека напад врз европската гасна инфраструктура е причина за невидената штета на двата гасоводи. Според информациите на Шпигел, ЦИА ја предупредила федералната влада против можноста за напад на цевководите.
И Москва е загрижена за протекувањето на Северен тек 1 и 2. „Не може да се исклучи ниту една можност“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали се работи за саботажа и рече ова е „ситуација во каква што се уште не се нашле“ која мора итно да се истражи.
Двојниот гасовод долг 1.230 километри ги поврзуваа рускиот град Виборг со Фрифсвалд на истокот на Германија. Раководството на Северен тек соопшти дека гасоводот е поставен така што речиси е исклучена повеќекратна случајна штета во исто време.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?