Вести
Се утврдуваат причините за синоќешниот пожар во Гостивар – семејството нема услови да живее во куќата
Семејството во чија ќука избувна големиот пожар ноќеска во Гостивар, нема услови да живее во објектот. Огнената стихија целосно ги проголта горниот кат и кровот, а првиот кат е уништен и без услови за живеење. „Кога видовме дека гори ламперијата ја отворивме вратата од балконот, ја турнав ролетната и излеговме надвор. Викнавме по комшиите и они да излезат, за да се спасиме ние луѓето. Уништено ни е се`, ништо не е за употреба. Кој што може нека ни помогне и господ да му врати со убаво“, вели 68 годишната гостиварка, сопственик на изгорената куќа.
Повредени нема, а причинета е огромна материјална штета со оглед дека пожарот се проширил брзо и на две соседни куќи. Пожарникарите го гаснеле огнот до 3 часот наутро. Полицијата соопшти дека во текот на денешниот ден ќе се врши увид и се утврдуваат причините за пожарот и другите поединости.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди