Поврзи се со нас

Македонија

Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед

Објавено

на

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед.

Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење.

-Министерството за земјоделство и Минстерството за економија доставија Одлука за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки, со која предложија до Владата ограничување на извозот на нова тарифна ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени. Рокот на примена на овој тарифен број ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, како што е уредено во Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки од 20 јули 2022. Причината за дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки со тарифната ознака 1206 00- семе од сончоглед, вклучувајќи кршени или дробени е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење, наведуваат од МЗШВ.

Во изминатиот период во МЗШВ беа одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што беше заклучено дека во државата има доволни количини и финансиски средства за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија.

-Во 2022 година очекуваме производство на 11 800 тони сончоглед и имаме доволни количини за покривање на 2 месеци од домашните потреби. Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки. Прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40 отсто од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11 000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15 000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал. Исто така, воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1 500 килограми за хектар во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5 760 денари за хектар, наведува Министерството.

Целта на овие мерки, потенцира, е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија.

-Тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство, дополнува МЗШВ.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 5 часа

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ

Македонијапред 7 часа

ЦУК: Во последното деноноќие имало 39 пожари, од кои активни се шест

Македонијапред 10 часа

Од утре започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Вестипред 12 часа

Про-руската партија СМЕР ССД победи на парламентарните избори во Словачка

Рецептипред 1 ден

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Гостиварпред 1 ден

Советничките Ќироска и Нешковска гости во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk

Занимливостипред 1 ден

На денешен ден..

Македонијапред 2 дена

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 2 дена

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена