Поврзи се со нас

Спорт

Се враќа публиката на кошаркарските натпревари низ Европа – Во Македонија се‘ уште строго забрането

Објавено

на

Во финишот од сезоната, се повеќе држави во Европа ги олабавуваат мерките против корона вирусот.

Меѓу другото, полека се отвораат вратите од арените во кои се играат кошаркарски натпревари. Во Израел и Русија одамна се игра пред публика, а љубители на кошарката ќе можат да присуствуваат и на дуели од плеј-офот во италијанското и шпанското првенство.

Во Италија е дозволено салите да бидат исполнети до 15% од нивниот капацитет и тоа ќе почне да се применува од првиот полуфинален меч на Виртус против подобриот од серијата меѓу Венеција и Сасари. Од 1 јуни бројката на посетители ќе се зголеми на 25% од капацитетот на салите.

И шпанската влада донесе протокол според кој спортските арени ќе можат да бидат отворени за публика претстојниот период. Таму, арените ќе можат да исполнети до 25%, но не повеќе од 1.500 гледачи. При влезот ќе мораат да се почитуваат мерките против корона, посетителите имаат обврска да носат маски и да седат на растојание од најмалку 1,5 метар, пренесува Кош.мк.

Кај нас сеуште е на сила забраната за присуство на публика на спортските натпревари, иако министерот за здравство Венко Филипче, минатиот понеделник изјави дека ќе биде дозволено присуство на публика на спортските натпревари во ограничен процент под посебни протоколи, Владата донесе одлуки за бројни олеснувања во јавниот живот по намалените бројки на заразени од Covid-19, но го издвои спортот, па со посебен акцент е ставено до знаење дека физичко присуство на публика на спортските терени нема да има.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена