Македонија
Се вратив од Германија, тука сум задоволен од работата и од минималната плата-изјави работник

Повратник од Германија, Полико Авдиу, вработен како шивач во „Текстил Солушн“ во Скопје, при денешната посета на фирмата на премиерот Димитар Ковачевски рече дека во земјава наишол на исти услови како во Германија и изрази задоволство од компромисот за минимална плата од 18.000 денари, која според него е доволна за скромен живот.
„Во нашата фирма јас сум задоволен, 18 години работев во Германија и ја напуштив, среќата ме донесе во оваа компанија, пред 8 години се вработив, условите ги најдов исто како во Германија. Ги гледам младите, велат одиме во Германија, ама животот таму не е како што мислат. Јас сум задоволен почнувајќи од директорите, и сега со минималната плата благодарение на компромисот кој премиерот го најде со синдикатот и работодавачите. Таа вечер многу се заблагодарував на премиерот, кога се наоѓа компримис е убава работа. 18.000 не се многу ама за скромен живот се доволни, мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе. Фала премиере.“, вели Авдиу.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите