Гостивар
Се врши обнова на старата џамија во Равен, ќе се работи и во црквата „Св. Димитрија“ во Гостивар

Старата џамија во гостиварско Равен ќе биде целосно обновена и отворена до крајот на следната година, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при денешната посета на Гостивар. За зафатите во џамијата министерството годинава обезбеди 1,5 милиони денари.
„Овде е интервенирано претходно повеќепати. Сега се работи на дрвената конструкција, на подот и уште неколку зафати и се надевам до крајот на 2026-та година со уште една мала интервенција во партерното уредување и дел во минарето старата џамија ќе биде готова и отворена.“, кажа Љутков.
Министерот за култура и туризам заедно со својот заменик Седат Сулејмани, при посетата на Гостивар, беа и во црквата Свети Димитрија.
„Ја посетивме и црквата Свети Димитрија која е од 1840-та годин и за која издвоивме 300.000 денари, наменети за замена на прозорите. Исто така, ја посетивме и Саат Кулата, Беговата куќа која е симбол на стара градска архитектура и каде ќе имаме доста интервенции, како и куќата на Ахмед Чаку која за жал е опожарена, но сепак домаќините ги отворија вратите и бевме запознаени со ситуацијата. Морам да кажам дека Гостивар има многу споменици на културата и ние како Министерство за култура и туризам ќе интервенираме во наредните години доволно во Гостивар, за освен како град на културни установи, стане и град на туризмот“, рече министерот.
При денешниот престој во Гостивар, Љутков ги посети националните установи од областа на културата и оствари средби со раководствата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?