Вести
Се вжештува атмосферата пред утрешното гласање во КФСМ за конечен исход на првенството

Кошаркарското првенство во сезоната 2019/2020 се прекина на 13 март, пред последното коло во регуларниот дел и пред почетокот на најинтересниот дел, Супер-лигата односно завршниот плеј оф.
Од македонската куќа на кошарката се уште не излегоа со конечен одговор како ќе се окончи оваа сезона. Беа одржани неколку состаноци на кои се прибираа предлози кој е најбезболниот начин да се заврши сезоната во оваа несакана ситуација.
Како минуваше времето, на сите клубови во земјава им стануваше се појасно дека нема можност да се доигра првенството. Па, така, од паркетот топката се префрли на маса.
Иако, првично сите клубови немаа ништо против сезоната да заврши без шампион, на неколку денови пред одлучувачкото гласање и конечната одлука, некои екипи го променија првичниот став. Екипата на МЗТ Скопје се изјасни дека сепак ќе бара првенството да има шампион според моменталниот распоред на табелата, што предизвика мала бура пред носењето одлука. Од КФСМ веднаш одговорија дека не се исполнети ни основните услови за таква одлука, како пример наведоа дека се уште не е доигран ни регуларниот дел, ниту започнаа Супер-лигата, далеку од плеј-офот, ниту пак е одиграно повеќе од половина првенство. Ова се претвори во јавно препукување помеѓу двете страни.
И дел од останатите клубови денеска излегоа со свој став и гледање на состојбата. КК Работнички јавно го нападна вечниот ривал, поради намерата да ја придобијат титулата.
„Во пресрет на состанокот закажан за утре (среда) 29.04.2020 година од страна на КФСМ на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасниме по двата предлога предложени од страна на КФСМ, КК Работнички АД ја известува спортската јавност дека ќе гласа за вториот предлог, односно првенството да се заврши без прогласување на шампион.
Прогласување на шампион на 50% одиграно првенств е се само не е спортско и фер завршница на првенството.
Шампион се станува на терен!!
Работнички сака шампион на терен не во канцеларии!!!“, објави клубот од Градски парк.
Од гостиварскиот прволигаш, не сакаат многу да ја коментираат настанатата ситуација, иако КК Гостивар е еден од најоштетените клубови во неочекуваниот прекин на првенството. Најповеќе поради гостиварскaта публика за која впрочем и постои спортот, како и натпреварите пред истата кои требаа да се одиграат во Младост, каде секој натпревар ќе беше своја приказна. И на спортски план слободно може да кажеме дека гостиварци не го кажаа последниот збор, статистиката од одиграниот дел кажува дека дури два пати ја совладаа првопласираната екипа на МЗТ Скопје, во два наврати беше надигран и Работнички, совладани беа и фаворизираните Кожув и Еуроникел, ќе останат непреболени поразите од Пелистер и Куманово кои наидоа во период кога тимот се наоѓаше во мала криза. И секако ќе остане вечната енигма: кој ќе беше крајниот домет на оваа екипа?
На наше барање од КК Гостивар го открија ставот со кој ќе настапат утре:
„Ставот на КК Гостивар, кој ќе го потврдиме на гласањето утре е дека одлучно сме за вториот предлог. Сезоната се прекина во период во кој никој не може да тврди дека го освоил првенството, колку и да се чувствува дека е силен. И на јавноста и на клубовите тоа им е повеќе од јасно. Веруваме и дека на ниту еден спортски работник не му е по мерак една натпреварувачка сезона да нема победник, но поради пандемијата на Ковид -19 се најдовме во една ситуација каде витештвото треба да дојде до израз и сите треба да се откажеме од нешто со цел да ја зачуваме кошарката. Интригите кои се случуваат не се баш насочени кон тоа“, велат од гостиварскиот клуб.
Како и да е од целата ситуација најмногу губи кошарката, во состојба каде под прашалник е економскиот опстанок на клубовите во кои се вложува со години, а со самото тоа и македонската кошарката, кој ќе биде техничкки шампион или воопшто ќе нема шампион, не е ни толку важно.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо