Поврзи се со нас

Македонија

Се` за африканската чума: Како се пренесува, кои се симптомите, има ли ризик за човекот…

Објавено

на

Како се пренесува и шири африканска чума кај свињите?

Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети и екскрети од болни или угинати животни. Болеста се пренесува и шири со:

  • директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе;
  • индиректно се пренесува прекузаразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека;
  • биолошки пренос од векторот- мек крлеж од родот Ornithodoros.

Главните видови на животни кои се приемчиви на вирусот на африканска чума кај свињите се:

  • домашните свињи, Европската дива свиња и Американски диви свињи;
  • африкански диви свињи
  • крлежите од родот Ornitodos spp.

Периодот на инкубација трае од 4 до 19 дена.

Кои се клинички знаци на африканска чума кај свињите?

Болеста се манифестира со:

  • треска (40.5-42˚Ц), општа слабост, анорексија, летаргија, губење на апетит;
  • Смртноста кај домашните свињи може да биде и 100%. црвенило по кожата;
  • исцедок од носот и очите кој може да биде и крвав;
  • сино-виолетово обојување и крварења по кожата во вид на кругови или поголеми површини во пределот на ушите, стомакот и нозете;
  • отежнато движење и оток на зглобовите;
  • повраќање;
  • крвав измет;
  • абортус кај гравидни животни;
  • смрт кај животните за 6 до 9 дена или 11 до 15 дена, зависно од вирулентноста на вирусот;
  • Животните кои ќе оздрават остануваат трајни носители на вирусот.

Кои се ризиците по јавното здравје?

Луѓето не се приемчиви на вирусот и болеста.

Што се презема за спречување и контрола на болеста африканска чума кај свињите?

Мерките за контрола и искоренување на болеста се:

  • забрана и контрола на движење на животните;
  • убивање и нештетно уништување на заразените животни;
  • чистење и дезинфекција;

Африканската чума кај свињите не се лекува!

Диви свињи

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од угинатите животни во кои вирусот опстојува долго време.

Дивите свињи се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од угинати животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од угинати диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина дури и кога густината на популацијата на диви свињи е ниска. Географското ширење на вирусот преку дивите свињи е 30 до 50 км/годишно.

Препораки

  • Одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми кај животните!
  • Доколку и кај едно животно се забележат симптоми на болеста, ниедно од животните не смее да го напушти тоа одгледувалиште!
  • Од одгледувалиштето не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре!
  • Ветеринарните друштва да го зголемат нивото на претпазливост и веднаш да пријават до официјалниот ветеринар доколку забележат некои од симптомите кај животните!
  • Ловците веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на трупови од угинати диви свињи во ловиштата!

извор:Агенција за храна и ветеринарство

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 9 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 12 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 15 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 16 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 17 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 18 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 20 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 20 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 22 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена