Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Се` за Западно-нилска треска, болест предизвикана од вирус што го пренесуваат комарците

Објавено

на

West Nile вирусот (WNV) е арбовирус кој припаѓа на родот флавивирус (антигенски комплекс на Јапонскиот енцефалит). Откриен е во 1937 година во Уганда, а неговото кружење во живиот свет е дoкументирано речиси на сите континенти во Африка, Америка, Азија, Австралија, Европа и Блискиот Исток.

WNV-инфекцијата се пренесува преку вектори – вектор пренослива инфекција, од која најчесто страдаат дивите птици. Инфекцијата помеѓу нив се пренесува преку различни видови на комарци. Луѓето и цицачите, а особено коњите се случајни домаќини и имаат ограничена улога во природниот циклус.

Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец. Болеста од човек на човек не се пренесува, ако се исклучи можноста за пренесување преку трансфузија и трансплантација на органи.

Периодот на инкубација вообичаено трае од 3 до 14 дена.

Околу 80% од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми. Останатите 20% симптоматски инфекции, најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1% од WNV-инфекциите кај луѓе се развиваат во сериозни форми, со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни (пр. воспаление на мозокот, воспаление на мозочните обвивки или појава на парализи).

Не постои специфична терапија, а третманот воглавно е насочен кон лекување на симптомите. Соодветната интензивна медицинска нега дава можност за поголемо преживување на заболените со тешки форми. Кај тешките случаи, стапката на смртност е од 3-15% и се зголемува кај повозрасните категории.

За оние кои ќе преживеат, опоравувањето е долготрајно, со опстојување на умор, слабост на мускулатурата, тешко одење, загуба на помнењето, депресии и сл.

Не постои вакцина за луѓето (постои само за коњи).

Најдобар начин за превенција е избегнување на убод од комарци кои се преносители на заболувањето.

Сезонскиот надзор над ова заболување во Европа се врши од јуни до ноември месец, односно во сезоната на можно пренесување, во услови на масовно присуство на комарците, како вектор за заболувањето.

Во 2019 година, во текот на втората недела од месец јули се пријавени првите хумани случаи на Западно Нилска треска во ЕУ за тековната сезона, и тоа од Грција и Романија.  Од почетокот на сезоната на пренос во 2019 година, а заклучно со 15 август, пријавени се 68 хумани случаи во земјите членки на ЕУ/ ЕЕА, вклучително и 6 смртни случаи.

  • Грција                  48 заболени (4 смртни случаи)
  • Романија            8 заболени (2 смртни случаи)
  • Кипар                   5 заболени
  • Италија               3 заболени
  • Унгарија              2 заболени
  • Бугарија              1 заболен
  • Франција            1 заболен

Во соседните земји на ЕУ (земји кои не се дел од Европска Унија), оваа година е пријавен само еден случај во Србија.

Во однос на заболување кај животни, во тековната сезона се пријавени 7 епидемии на WNF кај коњи и тоа во Грција (6) и Италија (1).

Во Република Северна Македонија, во период од 2011 година – кога беа регистрирани првите случаи на Западно Нилска треска кај луѓе – па до 2018 година, пријавени се вкупно 22 случаи на заболување од кои 3 завршиле со смртен исход. Во периодот 2016-2018 година нема регистрирани случаи на WNV инфекција кај луѓе.

Во текот на 2019 година, заклучно со 21.08.2019, во нашата земја е пријавен еден случај на Западно-нилска треска, кој заболел во август месец.

Европа е подложна на автохтон пренос на арбовируси. Ризикот од понатамошно пренесување во рамките на Европа е поврзан со импортирање (внесување) на вирусите од лица кои се заразиле во области каде се присутни овие вектори (во континентална Европа, пред сé околу Медитеранот, на островот Мадеира).

Епидемискиот потенцијал на различни вектори, па и на комарците, е условен од нивната масовност – која овозможува загрозување на здравјето на луѓето за кратко време, но исто така оваа карактеристика дава можност за ефикасно уништување на векторите, со што брзо ќе се прекине синџирот на пренесувањето на заболувањето.

Ваквите мерки, за жал се со привремен и нецелосен ефект, и затоа се потребни повторувани активности за уништување на векторите.

 

ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ КОМАРЦИ

Мерки насочени кон животната средина  (намалување на популацијата на комарци и нивен престој во животниот простор на луѓето )

  • Спречете го размножувањето на комарци во вашата средина:
  • Не оставајте отворени буриња, канти, пловни објекти (чамци, кануа) и стари гуми по дворовите во кои може да се собира дождовница!
  • Редовно чистете ги олуците за да се овозможи истекување на водата!
  • Одржувајте ги чисти базените за капење, украсни базени, фонтани!
  • Не создавајте бари (застоени води) по дворовите.

 

  • Намалете ја можноста да бидете изложени на убоди од комарци:
  • Користете миризливи свеќи, спирали, како заштитни репелентни средства додека престојувате во надворешни услови (градина, двор).
  • Користете специјални сијалици, фенери (спржување на комарците), апаратчиња кои со звук ги одбиваат комарците!
  • Поставете заштитни мрежи на вратите и прозорците во домот!
  • Одбегнувајте излегување и престој надвор во зори или на самрак, кога комарците се најактивни!

 

Мерки за лична заштита од убоди на комарци

  • Носете соодветна облека, најдобро во светли бои, која ќе остава што помалку откриени делови од телото/кожата (долги ракави, долги панталони, чорапи, шапки…)!
  • Применувајте заштитни средства (репеленти) во облик на лосион, стик, аеросол-спреј или крем за кожата и за облеката, кои ги одбиваат комарците!
  •  Не употребувајте средства за заштита доколку имате посекотини, отворени рани, под облека, околу очи и уста, на дланките! Внимание особено кај мали деца!!!
  • Патниците кои патуваат/престојуваат во земји или предели каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци, задолжително да употребуваат репеленти за време на престојот, а прозорците и креветите за спиење да се затворени со заштитни мрежи, импрегнирани со адекватен инсектицид!!!
  • По враќањето дома, овие лица да бидат свесни за можното нивно заразување додека престојувале во такви предели, и да ја следат својата здравствена состојба! Доколку се појават симптоми на заболување, веднаш да побараат лекарска помош и да го известат докторот за скорешниот престој во предели каде што егзистираат болести кои се пренесуваат со комарци! Раното дијагностицирање и навремен третман, можат да спречат појава на тешка форма на болест, која може да заврши со сериозно нарушување на здравјето и тешки последици или смртен завршеток.

извор: Институт за јавно здравје

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена