Гостивар
Се‘ за зимница на пазарот во Гостивар, ама граѓаните помалку купуваат и прават
Септември е сезоната на зимници и вообичаено вторничниот пазарен ден на градскиот пазар во Гостивар поминува во знакот на зеленчукот што е потребен за нивна подготовка:пиперка ајварка, корнишони, домати, моркови, сливи… За разлика од минатата година, цените се повисоки, но понудата останува богата и разновидна. Граѓаните си одбираат зависно потребите и можностите, но сепак повеќето велат дека ќе прават помала количина зимница, некои заради цените, други велат затоа што немале за кого, оти децата им се во странство.
„Дојдовме да си пазаруваме како и секој вторник, нема да купуваме многу и за зимница. Децата си живеат во странство, ние двајца што сме дома поминуваме со малку, по некое тегличе ајвар и туршија, доста е“, рече еден повозрасен гостиварец.
„Ајварката“ на гостиварскиот пазар денес се продава од 40 до 50 денари за килограм. Лутите ребрасти пиперчиња држат цена од 60, па до 80 денари за килограм. Доматите и корнишоните на повеќето тезги чинат по 50 денари/кг. Компирот и кромидот одат по 3 килограми за 100 денари. Од овошјето периодов најбарани се грозјето кое се продава по 50 денари/кг и сливите 4 кг. за 100 ден. Висока е цената на лимонот која почнува од 100 ден. за кг се до 120 ден.
„Муштериите главно гледаат да поминат колку што се може поевтино, но си сакаат убава роба, да биде квалитетно. Има и ценкање, секако, па пазар е ова, мора да се погодиме. Што да кажам, има работа, не е лошо, но за разлика од други години помалку се купува“, реше еден од продавачите на пазарот.
Сезоната на зимници продолжува до следниот месец, па граѓаните имаат уште време за набавка и подготовка, со надеж дека некои од цените ќе паднат, спротивно од тезгаџиите кои очекуваат да се офајдат од сезоната.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар