Вести
Се заоструваат правилата за авторските права на интернет, ЕУ го усвои контроверзниот Член 13

Европскиот парламент го изгласа пакет Законот за авторски права на интернет. Меѓу кои се Член 11 и Член 13, со кои жестоко се заоструваат правилата во почитувањето на авторските права на интернет, кој изминативе две години предизвика големи дебати.
Членот 13 од Законот за авторски права на интернет ги присилува интернет компаниите да воведат строги нови автоматски проверки низ кои содржините мора да минат, пред да се објават на платформи како Твитер, Фејсбук и Јутјуб.
Членот 11, ги опфаќа помошните авторски права наречен и „данок за линк“, се задолжуваат компаниите како Гугл да плаќаат за користење на линкови од публикациите чии содржини ги пласираат преку агрегатор, како на пример со сервисот Гугл Њуз.
Европскиот парламент ја усвои директивата за авторски права со 348 гласови „за“ и 274 „против“. Текстот, кој во рок од две години ќе мора да биде пренесен во националното законодавство на сите земји членки на Унијата, ги усогласува правата на интелектуална сопственост на 27-те земји членки.
Во пракса луѓето повеќе нема да може да користат содржини на интернет без дозвола на сопствениците на авторските права, дури и во случај на анимиран гиф или „меме“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?