Поврзи се со нас

Гостивар

Сечење на дрвја во Гостивар: Еко активистите и институциите ги вкрстија ставовите

Објавено

на

Да или не, за сечење на дрвја во големиот парк во Гостивар? По ова прашање, ставовите денес ги вкрстија Јавното претпријатие за зеленило и екологистите. Од претпријатието оцениле дека 5 до 6 поголеми дрвја со надвиснати гранки претставуваат ризик за минувачите и планираат нивното отстранување. Ги поканија екологистите на јавна дебата, а и на лице место да ја увидат состојбата, пред да се донесе конечната одлука.

„Втора година по ред органиизраме јавна дебата од ваков тип. Денес со еко активистите го посетуваме и градскиот парк, кадешто има неколку дрвја кои треба да се исечат и кастрат, затоа што се ризик за граѓаните кои минуваат од тука. Нема да го оставиме градот без дрвја, ќе засадиме нови, како што засадивме и минатата година“, изјави Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.

Валентина Штерјоска, како еко активист бара повеќе зелени површини низ градот и да нема сечење на дрвјата без потреба.

„Изминатиот период се исекоа многу дрвја без потреба: во Малеарди, кај автобуската станица, потоа близу училиштето „Гоце Делчев“ оти наводно пречеле на тротоарот. Сега се планира и во паркот со образложение дека се опасност. Нема ни доказ за такво нешто, но ајде и да кажеме дека има некоја вистина во тоа, во никој случај не треба да се исечат од корен. Јас како екологист не сакам да бидам само статист и декор во целата оваа приказна. Апелирам повеќе да не се сечат дрвја. Или ако веќе дрвото е некаков ризик, нека се исече до половина, а не целото.“, рече Штерјоска.

Ахмет Салмани, претседател на ГвЕко нагласи дека мора да се направи баланс да не се наштети на животната средина и да не се загрозуваат граѓаните.

„Треба да има една политика кон животната средина, приод кон дрвјата да биде балансиран, и да води сметка за безбедноста на граѓаните и да води грижа за животната средина. Секое сечење на дрво е траума за животната средина. А сепак, треба да се има предвид дека некои дрвја кои се стари, гнили или се преголеми се навистина ризик“, рече Салмани.

Од претпријатието за зеленило најавија дека ќе објават и фотографии на социјалните мрежи од дрвјата кои е планирано да се исечат, за да може што поголем број на граѓани да го кажат своето мислење.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена