Гостиарски
#Седидома и не го пропуштајте ова: КК Гостивар – Кочани Деликатес 1994 година
Објавено
пред 10 месецина

Во вечно студената и преполна сала „Младост“ во Гостивар, во ракмите на 19-тото коло од Првата А-1 Мак партнер лига се сретнаа екипите на КК Гостивар и лидерот на табелата Кочани Деликатес. За гостиварци ова беше мошне важен натпревар на кои им беше потребна победа за влез помеѓу првите 6 екипи, со што би се пласирале во завршниот плеј-оф и борбата за титула.
Гостивар во состав: 4 Будимир Јоловиќ, 5 Мемиќ, 6 Горан Божиновски, 7 Горан Заревски, 8 Тофилоски, 9 Мирко Петрески, 10 Стојче Наумoски (кап), 11 Блаже Ефремоски, 12 Марјан Србиноски, 15 Дарко Димитриевски, тренер Благоја Печалов.
„Сино-белите“ уште од самиот почеток пожртвувано влегоа во натпреварот, првите поени за водство од 2:0 за гостиварскиот клуб, ги постигна еден од најталентираните млади кошаркари во земјата Марјан Србиноски.
И по само 4 минути игра, прекин на натпреварот!
Во храмот на кошарката во Гостивар при водство на гостинската екипа од 6:7 се изгаснаа пола од рефлекторите што наиде на незадоволство помеѓу службените лица и ерупција на трибините, што пак беше знак за неизоставниот декор на натпреварите на Гостивар во Младост, тапанџиите „да се пуштат на најјако“. После само четири минути кошарка, прекин на натпреварот, неартикулисани извици од трибините, Гемиџиите со романтични скандирања кон гостинските играчи, полу-темна сала, зурлите пиштат, во Младост хаос!!
После 5 минутен прекин натпреварот продолжи. Дуелот во првиот дел се претвори во вистинска резултатска клацкалица и бркотница по теренот, се менуваше водството и на двете страни, но нити една екипа не успеа да направи посериозна разлика. Искусната и квалитетна екипа на кочанчани без многу напор се носеше со играта на гостиварци кои се повеќе го напаѓаа обрачот на гостите. На полувремето се замина со резултат 33:34 за гостинската екипа.
Во второто полувреме, избраниците на Печалов без респект кон силниот противник продолжија да се надигруваат со една од најквалитетните екипи во првенството, засилени со првите американски кошаркари кои заиграа во македонската кошарка Инграм и Апшоу екипата на Кочани беше голем залак и за многу посилни екипи од Гостивар. Како се приближуваше крајот на натпреварот, од, до ден денес нејасни, но на сите добро познати причини, салата Младост во Гостивар се повеќе се полнеше, со што и атмосферата дополнително се вжештуваше. После 11 минути игра во второто полувреме повторно прекин! Овој пат откажа семафорот и повторно хаос во Младост, кој траеше нешто пократко од првиот.
Гемиџиите со својата песна беа ветер во грб на гостиварските кошаркари кои со сите сили им се спротиставуваа на Књазев, Миронов, Кнежевиќ посебно американецот Инграм кој ги покажа сите свои квалитети и имаше одлична партија. Но, и Гостивар имаше свој адут во “Американецот од Дебреше”.
Капитенот Стојче Наумoски, беше нерешлива енигма за екипата на Кочани Деликатес, лидерот на табелата немаше одговор за играта на Наумoски, кој распали од сите страни и со 23 поени (7 тројки) ја одржуваше својата екипа резултатски во игра, дури на 4 минути пред крај КК Гостивар се одвои на 5 поени предност, што во публиката кај некои поединци предизвикуваше неконтролирани емоции и чудни движења. За, на 20 секунди пред крајот со 1 поен предност за домаќините Стојче Наумоски растревожен, Дарко Димитриевски повреден, Горан Заревски со 5 лични, Мирко Петрески нервозен, а Кочани Деликатес во напад…
Kрајот и инвазијата на публиката на теренот, со коментар на легендата на спортското новинарство Зоран Михалов, најдобро ќе биде сами да ги погледнете:
Вака беше во Гостивар во спортската сала Младост на 29 јануари 1994 година. Натпревар кој благодарејќи на коронавирусот и мерките, на натера да го реобработиме и споделиме со вас. Седите дома, почитувајте ги препораките за што побрзо се вратиме во Младост и продолжиме да создаваме вакви незаборавни моменти.
Ова впрочем беше и прв директен телевизиски пренос на спортски натпревар на МРТВ од Гостивар во независна Македонија, гледачите баш имаа и што да погледнат.
*(Во текстот користена е мала доза на сатира)
Голема благодарност до играчот со број 7 на КК Гостивар за видео материјалот.
АНКЕТА:

Последните два дена 43 решенија за изолација во Гостивар

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова неделна акција” (15.01.2020 до 21.01.2020)

403 нови случаи на ковид-19 во земјава

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка